Примера ги дефинира термините: Ќе се играат натпревари во петок, но не и во понеделник

Судот во Мадрид донесе пресуда по спорот за термините за одигрување на натпревари од Примера. Така, првенствените натпревари може да се играат во петок, но не и во понеделник. Новата сезона ќе стартува следниот петок со дуелот помеѓу Атлетик Билбао и шампионот Барселона на „Сан Мамеш“.

Натпреварот меѓу Мајорка и Еибар, кој беше закажан за в понеделник, ќе се игра во нов неделен термин. Здружението на прволигаши им се спротивстави на челниците на Шпанската фудбалска федерација, која инсистираше натпреварите да се играат само за време на викендите.

Федерацијата излезе како победник, се согласи да се играат натпревари во петок, но ќе добие обештетување од 15 милиони евра за оваа одлука.