Примера доби дозвола: Во Шпанија фудбал може да се игра од осми јуни

Шпанската Примера доби дозвола од властите и може да започне со натпревари уште од осми јуни. 

Веќе се шпекулираше дека фудбалот во оваа земја ќе се врати на 13 јуни, со натпреварот од 28. коло меѓу Севиља и Бетис. Сепак, рестартот може да се случи пет дена порано од планираното, што би се искористило како дополнителни денови за и така густиот распоред. 

Останува да видиме дали челните лица на Примера ќе го искористат тој период и ќе го закажат враќањето на елитниот фудбал за осми јуни. 

Барселона е лидер со два бода повеќе од Реал Мадрид, а Шпанската федерација го одложи финалето на Купот на Кралот меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад за напролет 2021 година.