Пример за тим – Спинацола со овации, аплаузи и прегратки пречекан од „аѕурите“! (ВИДЕО)

Леонардо Спинацола беше најголем „губитник“ во четвртфиналниот триумф на Италија против Белгија (1-2). Фудбалерот на Рома се здоби со повреда, која според најавите е од потешка природа, бидејќи се смета дека е скината „ахиловата тетива“. 

Оваа Италија на Манчини е нешто поинакво од некои претходни генерации. Во тимот нема супер-ѕвезди, туку склоп на играчи кои се како едно големо семејство и секогаш одговараат на задачите. Сплотеноста на тимот се виде и во вчерашниот лет назад од Минхен, кога сите го извикуваа името на Спинацола, а се докажа и денес. 

<<< - ПОВРЗАНО - ВИДЕО: Ечеше авионот на Италија во знак на поддршка за Спинацола!

  • Дочекот на Спинацола од соиграчите:

Денес, по прегледите кои беа направени синоќа Спинацола се врати во репрезентативниот табор. Бекот пристигна за време на оброкот на соиграчите, а тие со овации, аплаузи, песна и срдечни прегретки го дочекаа својот „паднат другар“, што дополнително зборува за хемијата на тимот...