Приказна без крај во Серија Б: Две легенди еден спроти друг на дуелот Комо - Парма!

Вчера попладне натпревар од 30. коло во Серија Б одиграа екипите на Комо и Парма, а домашните победија со 2-0. Комо беше благ фаворит на домашен терен и успеа да забележи многу важна победа против Парма. Голот за водство го постигна Цери. Во вториот дел погоди и Аригони во 53. минута од натпреварот и бодовите останаа во Ломбардија.

Сепак, играта и нејзиниот резултат да бидат во втор план се погрижија капитените на овие два тима, легендите Цеск Фабрегас и Џиџи Буфон. Непотребно да се трошат зборови за нив двајца, а љубителите на фудбалот вчера можеа да гледаат директен дуел меѓу нив двајца.

Фотографијата на Фабрегас и Буфон ја споделија двата клуба и новинарот Фабрицио Романо.

„Џиџи Буфон и Цеск Фабрегас беа капитени на натпреварот од италијанската втора лига помеѓу Парма и Комо. Приказна без крај", напиша Романо.

Голманот има 45 години, а каталонскиот фудбалер за врска e десет години помлад.

Состави

Moreno Longo

3-4-1-2

    Fabio Pecchia

    4-1-4-1