ВИДЕО: Пријовиќ ѝ ја донесе Куп титулата на Легија, во навивачкиот спектакл во Варшава

Фудбалерите на Легија се победници на полскиот фудбалски Куп, откако во денешното финале на „Стадион народови“ во Варшава го совлада Лех Познањ со 0-1 (0-0).

Бившиот клуб на Иван Тричковски стигна до победата со голот на Александар Пријовиќ во 69. минута. Иако Лех имаше повеќе од играта и позрели шанси, сепак единствениот гол го постигнаа фудбалерите од Варшава.

На мечот му претходеше пиротехничко шоу и жестоко навивање на двете навивачки групи, а огромно обезбедување низ градот ги штити двете екипи од меѓусебни немири и инциденти. 

Во полската Екстракласа Легија е водечка со два бода предност пред Гливице и се наоѓа блиску до двојната круна.