Прифатена молбата на Палермо, Несторовски ја пропушта Норвешка

Македонската фудбалска репрезентација на пријателскиот меч против Норвешка ќе биде без услугите на Илија Несторовски, кој е ослободен од А-селекцијата, по барање на претседателот на Палермо, Маурицио Зампарини.

Италијанскиот тим бараше да не се повикува Несторовски во националниот тим, затоа што Палермо во тој период има важни натпревари, а Игор Ангеловски, селекторот на репрезентацијата, реши да му излезе во пресрет и да го ослободи најдобриот фудбалер на Палермо од репрезентацијата.

Натпреварот меѓу Македонија и Норвешка се игра во Скопје на 11 ноември.