Причината поради која Елмас бил фрустриран од Гатузо

Елмас

Ељиф Елмас би требало да добие далеку поголема минутажа кај Лучијано Спалети, во однос на онаа што ја уживаше кај Џенаро Гатузо.

„Кориере дело Спорт“ одвои простор за да напише текст во кој ја објаснува фрустрацијата на македонскиот фудбалер со стариот тренер на Наполи. Поранешниот италијански репрезентативец многу често ја грешел тактичката замисла со 21-годишникот. Офанзивецот бил збунет, бидејќи некогаш играл како играч за врска, потоа зад напаѓачите, а понекогаш добивал задачи и на левата крилна позиција.

Недефинираната улога и лошата тактика на Гатузо не дозволија израз на несомнените квалитети со кои располага младиот македонски репрезентативец. Тој се надева дека работите ќе се променат со новиот стратег на клупата на калчолигашот.

Спалети веднаш кажа дека му се допаѓа стилот на игра на Елмас. Во него искусниот тренер гледа модерен офанзивен фудбалер, од кого Наполи ќе има голема корист во иднина.