При прекин на сезоната, Лидс и Алиоски ќе се пласираат во Премиер лигата

Според последното соопштение од Здружението на англиски фудбалски лиги под кои спаѓаат втората, третата и четвртата, Лидс Јунајтед и Вест Бромвич Албион би можеле веднаш да бидат промовирани во Премиер лигата. 

Секако, примарната цел на челните лица е првенството да се доигра и резултатите да се постигнат на терен, но доколку тоа не се случи за конечни ќе се земат освоените водови во досегашниот дел од сезоната. 

Доколку фудбалот не продолжи, Лидс Јунајтед и Езџан Алиоски ќе добијат место во елитното друштво за следната сезона како директни патници, а ќе ги придружува ВБА на Славен Билиќ. За продолжувањето на фудбалот ќе треба да се гласа, а доколку 51% од клубовите одберат да се прекине сезоната, одлуката ќе биде во корист на Лидс. 

Останатите места во Премиер лигата при таков развој на настаните би се барале стандардно преку плеј-оф.