Претседателска смена во Охрид, Грданоски го менува Алексијоски

Владимир Алексиjоски не е повеќе претседател на второлигашот Охрид, откако синоќа, Управниот одбор ја прифати понудената оставка. Клупските оперативци му се заблагодарија на Алексиjоски за досегашната работа и ангажманот за доброто на клубот.  Улогата в.д. претседател му припадна на Љупчо Грданоски.

„Рибарите“ на едно коло пред крајот од есенската полусезона се наоѓаат на последното место од табелата. Во сабота во Битола екипата на Гоце Толески беше на прагот на освојување на бод, но Ганчев постигна гол во 94. минута и донесе триумф од 2-1 на битолчани. 

Викендов, охридските фудбалери на домашен терен го пречекуваат Кадино.