ВИДЕО: Претседателот на Сан Лоренцо фатен на дело во голем корупциски скандал

Претседателот на аргентинскиот клуб, Сан Лоренцо, Марсело Морети, се најде во центарот на голем корупциски скандал, откако беше обелоденето видео на кое се гледа како прима поткуп во висина од 25.000 долари. 

Овие пари биле наменети за потпис на договор со млад фудбалер, а на снимката се гледа како мајката на играчот му ги дава парите на Морети, со порака дека тој мора да склучи договор со нејзиниот син. 

Претседателот ги става парите во џебот од неговото палто, што фрла уште поголем сомнеж дека снимката е автентична и крајно компромитирачка. Доколку се докаже дека навистина добил мито, му се заканува доживотна суспензија од фудбалот и најмалку двегодишна затворска казна.