• Иван Димовски
Претседателот на Партизан, Предраг Мијатовиќ, влезе во жесток вербален дуел со навивачите на „црно-белите“ за време на 177. вечно дерби против Црвена звезда.
Инцидентот се случи на западната трибина, откако Мијатовиќ се навали преку оградата на ложата и започна расправија со дел од присутните навивачи. Снимка од случката многу брзо се прошири на социјалните мрежи, а на неа јасно се гледа непријатниот говор на телото на првиот човек на Партизан. Ситуацијата дополнително се заостри и на крај мораа други лица од ложата да реагираат и да го смируваат Мијатовиќ, кој беше тргнат од видикот на навивачите.
Иако не е познато што точно ја предизвика расправијата, јасно е дека јазот меѓу претседателот и навивачката база станува се поголем. Голем дел од фановите му замеруваат на блиските односи што ги негува со првиот човек на најголемиот ривал, Звездан Терзиќ.



