Претседателот на Интер може да заврши во затвор поради милионски долг!

Проблемите во италијанскиот фудбал продолжуваат. Откако на Јувентус му беа одземени бодови, сега со неволја се соочува и Интер, не е поврзана со Серија А, но со претседателот на кого му се заканува затвор.

Претседателот Стивен Жанг е даден на суд поради долг кон најголемите банки во Азија. Се работи за сума од триста милиони евра која тој ја должи кон Хонг Конг, но не ја вратил. Дури и судот во Милано е вклучен во случајот, по барање на властите во Хонг Конг, кои бараат неговиот имот да биде конфискуван.

Воедно, Жанг ќе се гони и за лажно сведочење за целиот случај и лажна изјава. Првото рочиште е закажано на осми март, а останува да се види дали целата ситуација ќе влијае врз екипата на Интер и резултатите на калчолигашот.