• Горан Упале
Претседателот на Фенербахче, Садетин Саран, денес беше ослободен од притвор, но ќе биде под судски надзор, објави турскиот весник „Сабах“.
Локалните медиуми пишуваат дека Саран е ослободен од притвор откако дал изјава пред надлежните истражни органи. Претседателот на Фенербахче беше приведен во Истанбул во средата, само неколку часа откако форензичките тестови открија траги од дрога во примероците од неговата коса.
Тој беше приведен како дел од поширока истрага за дрога во која беа вклучени истакнати личности од светот на забавата и медиумите. Саран беше избран за претседател на Фенербахче во септември и ќе мора да се појавува на суд двапати неделно.
