Претседателот на Аргентина ги гледа натпреварите од СП во јакна: Се потам како затвореник...

Аргентинскиот претседател Хавиер Милеј нема да отпатува во Соединетите Американски Држави за финалето на Светското првенство против Шпанија, кое се игра в недела, туку натпреварот ќе го следи од претседателската резиденција во Буенос Аирес.

Милеј откри дека нема намера да го прекине ритуалот што го практикуваше во текот на целиот Мундијал. Тој откри и дека за време на секој натпревар носи иста јакна од аргентинска нафтена компанија, бидејќи верува дека му носи среќа на националниот тим.

„Ќе продолжиме да ги гледаме натпреварите од Оливос. Сите досегашни мечеви ги следев таму. Секогаш ги гледам натпреварите во истата јакна. Победувавме додека ја носев и повеќе не ја соблеков. Се потам многу, но единствениот пат кога ја соблеков примивме гол. Оттогаш повеќе не ја вадам“, изјави Милеј.

Аргентина во недела ќе се соочи со Шпанија во финалето на Светското првенство, со цел да ја одбрани титулата освоена во 2022 година и да ја освои четвртата светска круна. Шпанците, пак, ќе се борат за својата втора титула светски шампион.