• Зоран Мишевски
Пред неколку дена јавноста беше силно потресена од веста дека поранешниот австриски репрезентативец и фудбалер на Рапид Виена, Гуидо Бургшталер бил дел од уличен инцидент и општа тепачка на повеќе лица.
Бургшталер веројатно ќе објави крај на кариерата, откако се здоби со сериозни повреди по физички напад во центарот на Виена. 35-годишниот фудбалер учествуваше во тепачка со 23-годишно момче во раните утрински часови пред дискотека во Виена.
Ѕвездата на Рапид се здоби со фрактура на черепот откако удрил со глава на подот. Бургшталер веќе има 35 години, а рехабилитацијата ќе биде подолга, па прогнозите се дека ќе се откаже од враќање на фудбалот.