• Мартин Танасковски
Македонскиот фудбалер Филип Најдовски си замина од Тирана затоа што му истече договорот, но се случува пресврт и тој може да биде дел од албанскиот клуб и во иднина.
31-годишниот Најдовски во 2020 година премина во Тирана од редовите на скопски Вардар и оттогаш запиша преку 100 настапи за албанскиот клуб, а неговите добри игри годинава не останаа незабележани од челните луѓе во албанскиот фудбал и си заработи место во идеалниот состав за изминатата година.
Имаше Најдовски понуди од мак-фудбалот, постоеше голем интерес од Струга, се споменуваше и името на најтрофејниот Вардар, меѓутоа не дојде до меѓусебен договор. Тирана каде спортски директор е Агим Ибраими пак го контактира играчот, овој пат со подобра понуда, а во следните денови се очекува конечен одговор.
Голема е веројатноста Најдовски да ја прифати понудата и понатаму да остане член на Тирана.