• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Марио Младеновски нема да остане во Динамо Киев, тим во кој во изминатите денови беше на проба и одигра контролни натпревари, пишува „Динамоманија“.
19-годишникот пред крајот на јули пристигна во Киев, по инсистирање на Горан Попов, некогашен играч на украинскиот гигант и Вардар, а сегашен агент. Од Украина велат дека договор меѓу двете страни нема да има, па останува да видиме каде ќе продолжи Младеновски.
Младеновски настапи на една пријателска средба за Динамо Киев, против екипата на Колос. Горан Попов уште пред шест месеци најави дека Младеновски има квалитет да игра за Динамо Киев и го понуди како голем талент. Тогаш во комбинација беше и Леонид Игњатов (19), но тој е пред промоција во хрватски Хајдук.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.