Пресврт во случајот Икарди: Интер прифати 60 милиони евра од Монако

Икарди

Изненадувачки клуб се појави од никаде и ги договори условите за трансфер на Мауро Икарди.

Француски Монако испрати понуда од 60 милиони евра до Милано и доби позитивен одговор. Клубот од кнежевството му нуди плата на Аргентинецот која со бонусите би достигнала до 12 милиони по сезона.

Тоа би требало да биде задоволувачки за него, но сега останува да ја донесе конечната одлука околу својата иднина.

Не е тајна дека Јувентус е неговиот прв избор, но прашање е дали напаѓачот е подготвен да ризикува една цела година без натпреварувачки фудбал. Франција ќе му понуди висока минутажа и важна улога во екипата.

Монако очајно посакува да го засили тимот. Ова лето пристигна Бен Једер од Севиља, а сега на радарот се појави и незадоволниот аргентински репрезентативец од редовите на „неразурите“.