• Горан Упале

Екипата на Црвена Звезда ја продолжува доминацијата на домашно тло. По шампионскиот трофеј, вечерва славеше и во Купот на Србија и испиша историски успех – трипати во низа е освојувач на двојка круна!
Во финалето, одиграно на „Рајко Митиќ“, Црвена Звезда по пресврт извојува минимална победа против Чукарички со 2-1 (0-1), во натпревар во кој аутсајдерот постигна ретко виден гол на фудбалските терени.
По прилично неинтересниот старт, во кој Чукарички се мачеше и ги одбиваше напади на „црвено-белите“, следуваше период на добра игра на „планинарите“. Така следеше корнер од левата страна, а Доциќ, во стилот на нашата легенда Артим Шаќири, постигна спектакуларен гол за водство на Чукарички од 1-0, резултат со кој се замина на одмор.
<<< ПОВРЗАНО - Шок на „Маракана“: Спектакуларен гол на Доциќ од корнер против Црвена Звезда! (ВИДЕО)
Во вториот дел Црвена Звезда успеа да ја преземе контролата и со двата гола на Пешиќ (61. и 76. минута) стигна до посакуваната победа и нов трофеј.
- Извештај од натпреварот:
Црвена Звезда во следната сезона ќе се натпреварува во групната фаза во Лигата на шампионите и веќе започна да го гради ростерот за големите предизвици наесен.