Пресврт во Неапол: Де Лаурентис спремен за трета епизода со Елмас!

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис, сака повторно да го донесе Елиф Елмас во Неапол, но информациите во медиумите велат дека нема да биде лесно да се реализира овој трансфер со РБ Лајпциг.

Македонскиот репрезентативец официјално ја заврши својата едногодишна позајмица во италијанскиот клуб на 30 јуни 2026 година, по што се врати во РБ Лајпциг. Иако Наполи реши да не ја активира првичната откупна клаузула од 16 милиони евра, клубот веднаш започна нови преговори за уште една, нова позајмица за претстојната сезона. Де Лаурентис го цени Елмас и смета дека за овој фудбалер вреди да се направи жртва за уште една позајмица со задолжителен откуп.

Доколку преговорите бидат успешни, ова би бил негов втор престој како позајмен играч, односно негова втора последователна сезона под заем на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

Елмас досега имаше два периоди во дресот на „наполитанците“. Во 2019 година пристигна по перманентен трансфер од Фенербахче. Оствари 189 настапи, постигна 19 голови и беше клучен дел од тимот што го освои историското скудето во сезоната 2022/23. Во јануари 2024 година беше продаден на РБ Лајпциг за 25 милиони евра. По краткиот престој во Германија и позајмицата во Торино, се врати во Наполи како позајмен играч во септември 2025 година. Во минатата сезона забележа 44 настапи во сите натпреварувања пред договорот за заем да му истече на крајот на јуни 2026 година.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.