Пресврт во Челзи: Лампард верува во Кепа и Шпанецот останува прв голман

Челзи го доби гостинскиот дуел со Брајтон во првото коло на Премиер лигата со 1-3, а дел од фановите одново беа незадоволни од прикажаното на Кепа Аризабалага

Иако долго се шпекулираше дека Челзи ќе го замени Кепа поради несигурните партии, менаџерот на овој клуб изјави дека е задоволен со прикажаното на Шпанецот на стартот од Премиер лигата. 

„Задоволен сум тоа што Кепа го покажува. Не можеше да реагира поинаку при примениот гол од Брајтон. Видов дека има повеќе самодоверба по паузата. Тој е наш голман и задоволен сум поради тоа. Ако донесеме ново име, ќе мора да се бори за своето место. Така оди тоа во Челзи“, изјави Франк Лампард. 

Според најавите, на „Стемфорд Бриџ“ ќе пристигне Едуард Менди кој го бранеше голот на Рен, но очигледно приматот сè уште ќе го држи Кепа, па новодојдениот голман ќе мора да се избори за место. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.