ПРЕСВРТ: Сити се повлече, Роналдо пред кам-бек на „Олд Трафорд“?

Вртоглав пресврт се случи околу трансферот на Кристијано Роналдо во Премиер лигата. Португалскиот ас, рекордерот по бројот на голови и трофеи во Лигата на шампионите, наместо во Манчестер Сити, веројатно ќе заврши во Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити долго време важеше како фаворит за неговиот потпис, но медиумите од Англија јавуваат дека „граѓаните“ се повлекле. Тие нуделе едногодишен договор, наместо соработка на две години како што посакувале Роналдо и Мендеш.

Роналдо добил изненадувачка понуда да се пресели на „Олд Трафорд“, откаде понудата е за двегодишен договор. Неофицијално, Роналдо веќе ги договорил личните ослови со Манчестер Јунатед каде неделно ќе заработува 270.000 фунти.

Манчестер Јунајтед нема проблем да ги плати бараните триесет милиони евра од Јувентус, а може да вклучи и некој фудбалер во трансферот. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.