Пресврт-победа на Шкупи над украински Верес во меч со шест гола

Екипата на Шкупи ја забележа втората победа во Анталија и славеше над украински Верес Ривне, кого го доби со 4-2 и тоа со пресврт откако губеше со 1-2.

Тимот на Алпарсан Ердем покажа допадлива игра, со која го надигра противникот кој е на деветтото место во украинската Суперлига. Иако Шкупи поведе прв преку Аворнио во 32. минута, следеше пресврт на гостите кои на пауза заминаа со 1-2.

Во второто полувреме, актери на пресврт-победата на Шкупи беа Авдули, Јазичи и Ибиши, кои во листата на стрелците се запишаа во 57., 77. и 83. минута.

Последниот контролен меч на Шкупи во Турција е закажан на 6 февруари против Кисар во Казахстан.