• Горан Упале

Екипата на Шкендија запиша пресврт-победа во пријателскиот натпревар против Тиквеш, кој денеска се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
Конечниот резултат беше 2-1 за тетовчани, а прво на погодок се радуваа фудбалерите на Тиквеш. За 0-1 погоди Тасев уште во десеттата минута, а пред крајот на полувремето Шала израмни на 1-1. Најдобриот фудбалер на Шкендија оваа сезона, Бесарт Ибраими во вториот дел ги постави конечните 2-1 за „црвено-црните“.
Попладнево се одиграа уште две контролни средби на македонските терени. Прволигашот Беса со головите на Шефити (2), Незири и Фетаи со 4-2 славеше над Арсими на дебито на новиот тренер Горазд Михајлов. За второлигашот во листата на стрелците се запишаа Белули и Цуцули.
На останатиот пријателски натпревар второлигашот Детонит ја изненади Брера и славеше со сигурни 0-2.