ВИДЕО: Пресврт-победа на шареноликата Хрватска, Црна Гора рутински против Белорусија

Фудбалските селекции на Хрватска и Црна Гора со победи ги завршија овогодишните натпревари во ФИФА-прозорецот за ноември. Откако пред неколку дена ги затворија квалификациите за следното Европско првенство, двете балкански селекции се решија да одиграат пријателски натпревари, на кои шанси дабија фудбалерите со помала минутажа.

Во Пула, светскиот вицешампион со шаренолик состав со само Ковачиќ, Ребиќ и Перишиќ во првиот состав со минимални 2-1 славеше над селекцијата на Грузија, која одигра одличен натпревар, имаше водство, но не ги издржа налетите на домаќините. 

Резултатот го отвори Папунашвили со гол во 19. минута, но само шест минути подоцна дефанзивецот Кашиа несреќно си постигна автогол за 1-1 на полувреме. Во вториот дел Далиќ направи неколку измени и Хрватска тргна поофанзивно, а тоа резултираше со погодок за конечни 2-1. 

  • Хрватска - Грузија 2-1:

За разлика од „коцкестите“, Црна Гора рутински запиша победа пред својата публика на мечот против Белорусија (2-0). Селекцијата предводена од босанскиот стратег Хаџибегиќ уште во првиот дел го реши прашањето на победникот, откако белоруската мрежа ја затресоа Мугоша и Хаксабановиќ, за конечни 2-0. 

Црна Гора не успеа да се пласира на Европското првенство следната година, а немаше ниту забележителен настап во Лигата на нации.