• Саше Љолес
Екипата на Кристал Палас ја забележа втората сезонска победа во Премиер лигата, откако славеше на домашен терен над Нотингем Форест со конечен резултат 3-1 (2-1).
- Кристал Палас - Нотингем Форест 3-1:
Гостите беа тие што го отворија резултатот уште во третата минута преку Дан Ндоје, но потоа Палас заигра многу подобро и дојде до пресврт уште во првото полувреме. Стрелци за лондонскиот тим беа Даичи Камада и Џеферсон Лерма, кои ја тресеа гостинската мрежа и донесоа предност на паузата (2-1).
Конечните 3-1 беа дело на Шпанецот Јереми Пино во 59. минута, со што Палас го заокружи триумфот и стигна до вкупно седум бода на првенствената табела, додека „шумарите“ остануваат со два бода помалку од денешниот ривал.
Евертон и Хал Сити ги поделија бодовите во натпревар со четири голови, односно по два на двете страни (2-2).
- Евертон - Хал Сити 2-2:
„Карамелите“ беа во негатива по 48 минути игра, но потоа го свртеа резултатот со головите на Дузбери-Хол и Тиерно Бари. Конечните 2-2 ги постави Алжирецот Мохамед Белуми во 74. минута.

