Пресврт-победа на Аталанта над СПАЛ, за враќање на четвртата позиција во Серија А

Ниту попладневниот термин на Серија А не донесе возбудлив и атрактивен фудбал, откако на трите натпревари одиграни од 15:00 часот паднаа само пет гола, за две победи на домаќините и една на гостите. 

Најголемо изненадување приреди тимот на Фросиноне, кој со минимални 0-1 славеше на гости кај Сампдорија. Големите три бода за претпоследниот тим на табелата во Серија А му ги донесе Чофани во 25. минута. 

Фудбалерите на Аталанта ја продолжува својата бајка во италијанскиот шампионат, откако преку пресврт запиша голема победа пред своите гледачи против СПАЛ. Новајлијата во лигата со голот на Петања го отвори резултатот и поведе со 0-1, но Илиќ и Запата со погодоци во вториот дел ја израдуваа домашната публика и донесоа нови три бода за својата екипа. 

Во последниот натпревар, тимот на Валтер Мацари, Торино, по ремито со СПАЛ им се врати на победите и со минимални 1-0 го доби дуелот со Удинезе. Стрелец на единствениот гол на мечот беше Аина во 31. минута, додека Удинезе може да жали што со празни раце си замина од Олимпискиот стадион, бидејќи Де Паул промаши пенал во 74. минута. Во самиот финиш од мечот Удинезе постигна гол преку Окака, но по интервенција на ВАР-технологијата, истиот беше поништен заради офсајд ситуација.