Пресврт? Јунајтед попушти и ќе му даде богатство на Де Хеа за да го задржи

Давид Де Хеа во дресот на Манчестер Јунајтед

Повеќе од 18 месеци траат преговорите меѓу Манчестер Јунајтед и Давид Де Хеа за продолжување на меѓусебната соработка. 

Актуелниот договор на шпанскиот ас истекува по крајот на следната сезона, а како што открива „ЕСПН“ новиот ќе биде со важност од пет години. „Ѓаволите“ на крај попуштија и му ја исполнија последната желба на Де Хеа, па така еден од најдобрите светски голмани неделно ќе заработува по 350 илјади фунти, 110 илјади повеќе од постоечкиот. 

Во последниот период се шпекулираше дека е пред заминување во ПСЖ како замена за Џиџи Буфон, но по сè изгледа уште долго време ќе го гледаме во дресот на најтрофејниот англиски фудбалски колектив.