• Иван Димовски

Подготовките за пролетниот дел од Втората македонска фудбалска лига тимот на Преспа ги стартуваше на 15 јануари. Оваа зима во редовите на клубот кој се бори за опстанок во ПМФЛ пристигнаа шест новајлии, но има и неколку повратници.
Нови членови на Преспа се Еранд Зиба кој доаѓа од Струга Трим Лум, Валентин Блажевски и Јасин Казимоски од Детонит, Дарио Стојановски од Работнички, Сатни Сефедин од Новаци и Зоран Цапанов од Пелистер.
Во клубот се враќаат и неколку повратници, односно фудбалери кои претходно го носеле дресот на Преспа. Повторно дел од тимот се Адријан Мехмед и Кристијан Трајче. Од друга страна, клубот го напуштија Христијан Сркeски, Никола Угриноски и Кипријан Петрески.
Првата полусезона во ВМФЛ екипата на Преспа ја заврши на 14. позиција на табелата со девет бода, а опстанокот ќе биде многу тешка мисија.







