• Иван Димовски
Натпреварот меѓу Андерлехт и Генк кој на 23 декември заврши со победа на „виолетово-белите“ од 2-1, верувале или не ќе се преигра поради ВАР-грешка.
Ситуацијата беше интересна, Хејнен изведе пенал, а Шмајхел го одбрани и по одбиената топка Јира Сор стрела за водство. Сепак, тогаш ВАР-собата јави офсајд, поради тоа што Сор влегол во шеснаесетникот пред Хејнен да шутне. Тоа го поништи погодокот, за потоа Андерлехт да слави во драма до последните секунди со гол во 91. минута.
Сепак, Генк упати официјална жалба, а причината беше дека освен Сор во шеснаесетникот влетаа уште двајца фудбалери на Андерлехт, па со самото тоа пеналот требаше да биде изведен повторно. Судиите во ВАР собата не го увидоа тој момент и досудија во корист на Андерлехт.
- Спорниот пенал на мечот во Белгија:
Дисциплинската комисија при сојузот на Белгија утврди дека поради грешка која директно влијаеше на резултатот, натпреварот ќе биде одигран повторно.