Преседан на Чави: Барселона не памети вакво нешто 21 година

Барселона пред три дена го совлада Порто со 2-1 и обезбеди осминафинале во Лигата на шампионите. На тој натпревар тренерот на каталонскиот гигант, Чави Хернандез, направи сериозен преседан, кој што во Барселона не се памети 21 година. 

Имено, во стартните единаесет немаше ниту еден играч од Каталонија. Чави се одлучи за класична формација 4-3-3, во која настапија: Ињаки Пена, Араухо, Кунде, Ињиго Мартинез, Кансело, Педри, Френки де Јонг, Илкај Гундоган, Рафиња, Левандовски и Жоао Феликс. Каталонци имаше на клупата, а шанса за настап добија младите Алехандро Балде и Ламине Јамал.

Последен пат тоа ѝ се случи на Барселона пред 21 година, во полуфиналето од Лигата на шампионите против „вечниот“ ривал Реал Мадрид, кое „кралскиот“ клуб го доби со 2-0.

Тогаш Каталонците го започнаа натпреварот со Бонано на голот, Рајзигер, Абелардо, Франк де Бур и Mота во одбраната, Рочембак, Коку и Луис Енрике во средниот ред и Овермарс, Клајверт и Савиола во нападот. Дури во вториот дел влезе Каталонецот Габри. 

Состави

Чави

4-3-3

    Серџо Консеисао

    4-4-2