Прерано е за пензија, Де Роси се сели во аргентинската Бока!

Поранешниот капитен на Рома, Даниеле Де Роси, сепак, нема да ја заврши професионалната кариера како што најавуваше, туку првпат ќе заигра надвор од границите на Италија.

Фудбалерот за врска одлучи да ја прифати поканата на неговиот поранешен соиграч Николас Бурдисо, кој ја извршува улогата спортски директор, и да го облече дресот на Бока Jуниорс.

Де Роси имал разговор и со поранешниот соиграч од Рома, Диего Пероти и донел одлука дека е прерано за пензија, а Бока е идеална опција за воздигнување на кариерата. Римјанецот имаше понуди и од Фиорентина и Милан, но се одлучи да не игра за друг италијански клуб освен Рома.

Овој фудбалер стана светски првак со Италија во Германија во 2006 година, а низ кариерата се издигна по многубројните повреди и стекна голем рејтинг во италијанската јавност.