ВИДЕО: Премиерлигашкото дуо Мане-Гај го одведе Сенегал во полуфиналето на КАН!

Фудбалската селекција на Сенегал е првиот патник во полуфиналето на Купот на Африканските Нации, кој се игра во Египет

Еден од најголемите фаворити за златниот медал, кој сè уште го сонува континенталниот трофеј, можеби на овој собир ја има најголемата шанса да ја израдува нацијата. Во својот состав има голем број на фудбалски ѕвезди, а токму премиерлигашкото дуо Мане-Гај го реши вечерашниот противник Бенин, во натпревар од четвртфиналето на овој собир. 

  • Извештај од натпреварот: 

Сенегал уште од самиот старт на мечот започна фуриозно, но немаше среќа во завршницата. Мане и Нијанг ги имаа првите шанси за отворање на резултатот, но на полувреме мрежите мируваа. Сепак, кон средината на вториот дел конечно проработи премиерлигашката врска Мане-Гај и Сенегал заслужено стигна до 1-0. Ѕвездата на Ливерпул во овој погодок учествуваше како асистент, додека членот на Евертон како стрелец. 

Во борбата за финале, Сенегал ќе се сретне со победникот од дуелот кој се игра вечерва меѓу Мадагаскар и Тунис