Премиерлигашите се луди по 16-годишник вреден 60 милиони

Џад

Млад фудбалер кој настапува во Бирмингем Сити ги излуди големите англиски екипи. Се работи за 16-годишникот Џуд Белингем за кого интерес има од Манчестер Јунајтед и Челзи.

„Црвените ѓаволи“ веќе испратија понуда од 40 милиони евра за талентираниот играч, но богатата понуда беше одбиена од управата на клубот. Тоа се покажа како правилен потег, бидејќи фудбалерот е редовен во првата постава и со своите игри ја зголемува цената со секој настап.

Во трката за него сега влезе и Челзи кој го посакува во своите редови. Моменталната цена која секоја заинтересирана екипа ќе мора да ја плати за Белингем изнесува 60 милиони евра.

Бирмингем сака да го задржи, но кога гигантите ќе тропаат на врата, тешко дека некој ќе може да даде негативен договор на богатите понуди...