Премиерлигашите го одбија правилото за пет замени, од следната сезона по старо

Англичаните се доследни на традицијата и најтешко ги менуваат правилата. Така и овојпат препораките на ФИФА за зголемување на бројот на замени, како последица од пандемијата од ковид-19, нема да важат за англиските клупски натпреварувања следната сезона.

Премиерлигашите го вратија старото правило за три замени за време на фудбалските натпревари за сезоната 2020/21. Иако во неколку земји беше продолжено и за новата сезона, ова ново правило нема да заживее и во Англија. 

По тајно гласање на сите 20 клубови во елитната категорија, преовладуваше негативното гласање и со 11-9, победи правилото на три замени, како и до пред прекинот заради корона-кризата.

Новата сезона во Премиер-лигата ќе стартува на 12 септември, а две недели претходно ќе се игра Комјунити шилд дуелот меѓу Арсенал и Ливерпул.