Премиерлигашитe го кренаа гласот: Сити мора веднаш да биде казнет

Поради прекршување на финанскиот фер-плеј, актуелниот шампион во Премиер лигата, Манчестер Сити, пред неколку месеци ја доби најригорозната казна која УЕФА ја изрекла во последниот период. „Граѓаните“ нема да можат да играат во европските натпреварувања во следните две сезони, а треба да исплатат и 30 милиони евра.

Но, од редовите на клубот од „Итихад“ се надеваат дека казната ќе ја прескокнат за една сезона, затоа што истата не е официјализирана, односно испратена е жалба до Спортскиот арбитражен суд во Лозана, кој треба да го даде последниот збор. 

Со оглед на новонастанатата ситуација со коронавирусот и стопирањето на сите фудбалски шампионати, тешко веројатно дека судот во Лозана во догледно време ќе се изјасни за овој случај, па посто можност Сити и во следната сезона да го гледаме во Лигата на шампионите.

Но, според „Дејли Мејл“ граѓаните“ во овој момент добија нов противник во овој спор, а тоа се дури осум премиерлигашки, кои бараат санкцијата веднаш да биде официјализирата. 

Според истиот медиум Ливерпул, Лестер, Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал, Тотенхем, Вулверхемптон и Барнли се тимовите кои го доставиле тоа барање, а причината е очигледна. Доколку Сити добие забрана, тогаш петтиот тим од Премиер лигата ќе добие шанса да игра во Лигата на шампионите, следната сезона, а со тоа се ослободува и едно место плус за учество во Лига Европа.