Премиерлигаш спремен да плати вртоглави 175 милиони евра за Халанд!

Ерлинг Халанд е дефинитивно еден од најбараните фудбалери во Европа. Норвежанецот кој се прослави во Салцбург, сега настапува за Борусија Дортмунд, но за него се интересираат сите гиганти.  

Еден од најзагреаните за неговиот потпис е Челзи на Роман Абрамович. Според пишувањата на угледните „Мирор“ и „Билд“, Русинот спрема неверојатна понуда која „милионерите“ нема да можат да ја одбијат. 

Имено, Челзи е спремен да понуди околу 175 милиони евра за услугите на Халанд. Европскиот првак бара долготрајно решение за напаѓачката позиција, а норвешкото чудо е идеално име. Доколку шпекулациите се исполнат и Челзи навистина испрати таква вртоглава понуда, Борусија Дортмунд нема да ја одбие. Покрај тоа, „сините“ се моќни и можат да ги задоволат барањата на младиот напаѓач.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.