Премиерлигаш или француски великан: Ова се можните ривали на Шкендија во плеј-офот! 

Македонсиот вицешампион, Шкендија, денес внимателно ќе ја следи ждрепката за плеј-оф рундата од Конференциската лига, каде ќе го дознае потенцијалниот противник доколку успешно ја мине пречката наречена Хибернијан. Ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион е закажана за 14:00 часот, а веќе е познат скратениот список на можни ривали за тетовскиот клуб.

Доколку македонскиот вицешампион го елиминира шкотскиот Хибернијан, во последната пречка за место во лигашката фаза ќе се соочи со Монако, Брајтон, Бохемиан или Митјиланд, Гетеборг или Гент и Пафос или Салцбург. 

Шкендија не е меѓу носителите на ждрепката, што значи дека без разлика кој ќе ѝ биде доделен, ќе ја очекува исклучително тежок предизвик. На листата се наоѓаат неколку етаблирани европски клубови кои доаѓаат од Англија, Данска, Белгија, Австрија, Франција...

Првиот натпревар меѓу Шкендија и  Хибернијан е закажан за в четврток во Шкотска, со почеток од 21:00 часот.