Премиер трансфери: Супер-засилувања за лондонските клубови, но на врвот се Дарвин и Халанд!

По кусата летна пауза, вечерва почнува новата сезона од англиската Премиерлига. Во својата 31-ва сезона, најсилното европско национално пренство влегува со лоднонското дерби меѓу Кристал Палас и Арсенал. Дуелот се игра вечерва на „Селхрст Парк“ со почеток од 21:00 часот.

И оваа година големата битка за првото место ќе се води меѓу познатите ривали Манчестер Сити и Ливерпул. Иако се засилија и сите лондонски ривали, а Манчестер Јунајтед доби нов менаџер, сепак шансите на Тотенхем, Челзи, Арсенал и Манчестер Јунајтед се помали отколку на последните два шампионати. 

Манчестер Сити 
Дојдоа: Калвин Филипс (Лидс Јунајтед), Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд), Стефан Ортега (Арминија Билефелд), Хулијан Алварез (Ривер Плата)

Заминаа: Рахим Стерлинг (Челзи), Габриел Хесус (Арсенал), Олександар Зинченко (Арсенал), Педро Поро (Спортинг Лисабон), Ко Икатура (Борусија Менхенгладбах), Аријанет Муриќ (Барнли)

Ливерпул
Дојдоа: Дарвин Нуњез (Бенфика), Фабио Карваљо (Фулам), Калвин Ремзи (Абердин)

Заминаа: Неко Вилијамс (Нотингем Форест), Садио Мане (Баерн), Марко Грујиќ (Порто), Такуми Минамино (Монако), Бен Дејвис (Ренџерс), Дивок Ориги (Милан)

Челзи
Дојдоа: Марк Кукуреља (Брајтон), Рахим Стерлинг (Манчестер Сити), Калиду Кулибали (Наполи), Габриел Слонина (Чикаго), Карни Чуквуемека (Астон Вила)

Заминаа: Ромелу Лукаку (Интер), Антонио Рудигер (Реал Мадрид), Андреас Кристенсен (Барселона), Саул Нигез (Атлетико Мадрид)

Тотенхем:
Дојдоа: Ивес Бисума (Брајтон), Ричарлисон (Евертон), Иван Перишиќ (Интер), Џед Спенс (Мидлсброу), Фрејзер Форстер (Саутемптон), Клемен Ленгле (Барселона)

Заминаа: Стивен Бергвајн (Ајакс), Камерон Картер-Викерс (Селтик), Џое Родон (Рен), Пјерлуиџи Голини (Аталанта)

Арсенал
Дојдоа: Габриел Хесус (Манчестер Сити), Олександар Зинченко (Манчестер Сити), Фабио Виеира (Порто), Мет Тарнер (Њу Ингланд Револушн), Маркињос (Сао Паоло)

Заминаа: Матео Гендузи (Олимпик Марсеј), Бернд Лено (Фулам), Константинос Мавропанос (Штутгарт), Александер Лаказет (Лион), Нуно Тавареш (Олимпик Марсеј)

Манчестер Јунајтед
Дојдоа: Кристијан Ериксен (Брентфорд), Лисандро Мартинез (Ајакс), Тајрел Маласија (Феенорд), Ентони Марсијал (Севиља)

Заминаа: Алваро Переира (Фулам), Пол Погба (Јувентус), Џеси Лингард (Нотингем Форест), Немања Матиќ (Рома), Алекс Телес (Севиља), Дин Хендерсон (Нотингем Форест), Единсон Кавани, Хуан Мата

Минатата сезона „граѓаните“ на Пеп ја освоија титулата со само бод пред „црвените“ на Клоп, а неизвесноста беше зачувана се до последното коло. Челзи има нов сопственик, Тод Боели, кој има амбиција да ги повтори успесите на Роман Абрамович. По децении чекање во Премиер лигата ќе игра поранешниот двоен европски првак Нотингем Форест. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.