ВИДЕО: Премиер му се смешка на Алиоски, Лидс шампионски го демолира Стоук

Екипата на Лидс Јунајтед продолжува сигурно да чекори кон влез во Премиер лигата. Поранешниот шампион на Англија долго време сонува за враќање во елитата, а доколку продолжи со ваквите игри до крајот на сезоната, тоа ќе го направи на маестрален начин.

Тимот од Јоркшир можеби полесно од очекуваното вечерва ја запиша својата 24-та овосезонска победа во Чемпионшип, по која се врати на лидерското место на табелата. Нова жртва на момците на Марсело Бјелса беше Стоук Сити, кој како гостин загуби со убедливи 5-0. 

  • Извештај од натпреварот:

Иако лошо го отвори натпреварот и долго време не можеше да го пронајде вистинскиот рецепт за противничката одбрана, Лидс во самиот финиш од првиот дел успеа да го скрши отпорот и преку Клих го отвори резултатот и поведе со 1-0. Во вториот дел како да гледавме друг натпревари, затоа што по влегувањето на Пабло Хернандез, Лидс делуваше како нов тим, кој не само што доминираше, туку и постигна четири гола. 

На 2-0 зголеми Коста во 47. минута, а до крајот на натпреварот погодија уште Купер и Хернандез и Бамфорд. Нашиот Езџан Алиоски повторно беше резерва и шанса за настап доби во 78. минута. 

До крајот на Чемпионшип преостануваат уште четири гола, а Лидс има позитива од шест бода во однос на Брентфорд кој е трет.