Премиер лигата одобри пријателски натпревари, но под три услови

Со оглед на тоа што на 17 јуни повторно ќе гледаме Премиер лигата, клубовите веќе започнаа да кројат планови како да го завршат подготвителниот период.

Според последните информации, кои доаѓаат од Островот, челните лица на Премиер лигата им дале „зелено светло“ на своите клубови да одиграа пријателски натпревари, но под три јасни услови.

Имено, првиот услов е гостинската екипа не смее да патува повеќе од 90 минути, потоа судии нема да има на натпреварите, односно таа улога ќе ја извршуваат стручните штабови на двете екипи, а третиот услов е сите фудбалери да патуваат со сопствени возила. 

Останува да видеме како ќе изгледа ова кога ќе биде спроведено на дело, а засега не е познато дали истите натпревари ќе можат да бидат пренесувани во живо.