Премиер лигата на чекор од кам-бек: Само еден позитивен од 1.197 добиени резултати

Премиер лига тестови

Денес беа објавени резултатите од петтата рунда тестирања во пресрет на завршницата од Премиер лигата. Истите донесоа убави вести за фановите и сите љубители на фудбалот од англиското првенство.

Само еден позитивен резултат е запишан од вкупно 1.197 направени на играчи и членови на стручните штабови на екипите. Бројката на заразени лица е на ниско ниво, па тоа е голем чекор напред во обидот да се комплетира тековната сезона во Англија.

Како и во претходните случаи, не се знае идентитетот на заразеното лице, ниту од кој клуб доаѓа. Она што е сигурно е дека тој ќе замине во самоизолација во наредните седум дена.

Премиер лигата се очеува да започне за две недели со дербито меѓу Арсенал и Манчестер Сити. На табелата неприкосновен е Ливерпул, кој е многу блиску до прославување на премиерлигашката титула.

Како и на англиско тло, во наредниот период се очекува фудбалот да се врати и во Италија и Шпанија.