Премиер лигата ќе дозволи пет замени по натпревар до крајот на сезоната

Извесно е дека фудбалот нема да биде ист кога ќе продолжат натпреварите по завршувањето на пандемијата од коронавирусот. Раководството на Премиер лигата размислува да им овозможи на клубовите да направат дури пет замени во натпреварите по продолжувањето на сезоната.

Тоа ќе биде револуционерна промена, а се должи на стравувањата дека играчите нема да бидат во најдобра физичка состојба, ќе играат зачестени, а ќе расте и ризикот од повреди.

Пет замени беа направени во натпревари како привремена мерка предложена од ФИФА, а и Суперкупот на Англија е натпреварување кое налага пет замени по натпревар. Сличен предлог во Италија даде тренерот на Сампдорија, Клаудио Раниери, но и натаму не е разгледан

Клубовите од Премиер лигата со јавно гласање сами ќе одлучат дали сакаат да го користат овој предлог како ново правило или не.