Премиер лигата им даде пауза на екипите, но не им дозволи пријателски средби

Англиските премиерлигаши долго време се бореа со челните лица на лигата да добијат зимска пауза, со која ќе ги одморат своите фудбалери од напорното темпо во најбогатото фудбалско натпреварување на светот. 

По долгите преговори конечно се дојде до заеднички договор и од овој февруари англиските клубови ќе имаат одмор од две седмици. 

Но, тоа не значи дека Премиер лигата ќе претрпе пауза, затоа што колата ќе се поделат. Така, дека една половина од лигата ќе игра на 8 и 9 февруари, додека другата половина на 15 и 16 февруари. Со тоа секоја екипа ќе добие 14 дена одмор, а премиерлигашки фудбал ќе има секој викенд. 

Но, Премиер лигата донесе одлука која ги изненади клубовите. За време на паузата екипите не смеат да закажат пријателски натпревар од отворен карактер, од кои би можеле дополнително да ја наполнат својата каса, туку натпревари можат да се играат само од затворен тип.