Премиер им се заканува на „незадоволните“, ако не играат ќе бидат исфрлени од лигата

Раководството на Премиер лигата се соочува со нови проблеми поврзани со враќањето на фудбалерите на натпреварите. Според последните информации клубовите на тренинзите би требало се вратат кон 18 мај, а лигата треба да продолжи на 12 јуни со натпревари на неутрални терени ширум Англија. 

Во понеделникот на видео-состанок клубовите требаше да решава на оваа тема, но гласањето беше презакажано за друг датум, затоа што повеќе премиерлигаше се спротиставија на овој план. 

Незадоволство од тоа да се игра на неутрални терени најмногу изразија тимовите од долниот дел на табелата во Премиер лигата. Норич, Астон Вила и Борнмут се екипи кои се во опасната зона, а веднаш над нив се Брајтон, Вест Хем и Вотфорд.

Наводно токму овие клубови не сакаат да ги прифатат овој предлог, со образложение дека се домашни тимови и повеќето победи ги имаат на своите стадиони.

„Ние сме против тоа. Астон Вила е домашен тим, две третини од победите оваа сезона ги извојувавме на нашиот стадион. Ни остануваат уште шест натпревари на домашен терен и тоа треба да биде голема предност за нас“, велат од редовите на Астон Вила. 

Според планираното, Премиер лигата мора да продолжи најдоцна до 14 јуни, па затоа раководството одлучи на еден начин да им се закани на „незадоволните“ со автоматско испаѓање од лигата, доколку не сакат да играат под овој формат.