Преку 7.000 луѓе повеќе од капацитетот го следеле натпреварот Катар - Еквадор

Првиот натпревар на Светското првенство во Катар предизвика многу полемики околи посета, третманот, температурата и однесувањето на дел од гледачите.

На отворањето на Мундијалот во Катар присуствувале 67.372 гледачи. Тоа е бројот на навивачи запишани во официјалните протоколи и објавени од најавувачот на стадионот. Интересно е што капацитет на арената „Ел-Бајт“, каде се одигра воведниот натпревар на Светското првенство е 60.000 гледачи. Како биле сместени уште речиси 7.400 илјади луѓе не се знае.

Светската фудбалска федерација (ФИФА) отвори постапка против организаторот за овој пропуст, кој остана незабележан од јавноста и детектиран е дури часови по завршувањето на натпреварот. Немири, инциденти и протести немаше и покрај големиот број луѓе на натпреварот на домашната селекција.

Со двата гола на Енер Валенсија, Еквадор ја совлада домашната селекција на Катар со 2-0 во првиот наторевар од групата А на Мундијалот.