Преку 500 „Балисти“ ќе патуваат за Скадар да ја поддржуваат Албанија

Балисти

Тензијата расте пред денешниот натпревар во првото коло од квалификациите за СП во Русија помеѓу Македонија и Албанија. Атмосферата ја подгреваат и популарните навивачи на Шкендија „Балистите“, кои најавуваат присуство на денешниот натпревар во Скадар.

Според информациите од навивачката група, повеќе од 500 члена од Тетово, Скопје и Куманово ќе патуваат на денешниот меч, а очекувано ќе застанат на страната на албанската репрезентација. Натпреварот се очекува да помине мирно и без големи проблеми, но ФИФА е претпазлива и најави ригорозни казни за евентуални инциденти.

Лидерот на навивачката група „Шверцери“, Омер Буњаку, нема да присуствува на натпреварот, бидејќи сака да биде во Скопје за да спречи евентуални последици од мечот. Според Буњаку, токму тој и неговата навивачка група беа првите навивачи од Македонија, кои беа редовни на натпреварите на Албанија.