• Сашо Поповски
Можеби најубавиот погодок во изминатиот викенд беше постигнат во Мексико. Виновник за истиот беше фудбалерот на Дорадос де Синалао, Хесус Ескобоза, кој постигна ефектни „ножички“ кои го одушевија целиот свет.
Истите му се допаднаа дури и на официјалниот Твитер профил на ФИФА кој напиша дека гостинскиот напаѓач добил инспирација од својот легендарен тренер, Диего Армандо Марадона.
Љубителите на фудбалската игра веднаш побараа наградата „Пушкаш“ да му биде доделена на 26-годишниот Мексиканец.
Уживајте во ремек-делото од мексиканската фудбалска лига:
Jesús Alonso Escoboza se inspiró en su entrenador Diego Maradona e hizo este GO-LA-ZO para @Dorados pic.twitter.com/NlOpR87WP2
— FIFA.com en español (@fifacom_es) February 25, 2019