• Зоран Мишевски

Новата година започна со одлична вест за љубителите на фудбалот во Германија. Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але почна да тренира со тимот. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска дојде во Германија минатото лето од Ајакс за 35 милиони евра, но му беше дијагностициран рак на тестисите и имаше три операции.
„За мене почнува многу добро годината, бидејќи се вратив на теренот!.2022 година не беше лесна, но ме подготви за сите предизвици што ќе ми ги понуди 2023 година. Со нетрпение очекувам да се видиме повторно“, напиша Але на социјалните мрежи.
28-годишниот Африканецо, кој настапауваше за У21 селекцијата на Франција, пред Ајакс ги носеше дресовите на на Утрехт и Ајнтрахт Франкфурт. Але се надева дека ќе се подготви добро и ќе може да и помогне на Борусија на стартот од вториот дел од сезоната во Бундеслигата.