Прекрасен гест на Митровски и Вараждин, му ја исполнија желбата на младиот навивач

На младиот хрватски навивач, Јан Вујновац, му се оствари желбата и се запозна со нашиот интернационалец од редовите на ВСНК Вараждин, Димитар Митровски

11-годишниот Јан го привлече вниманието на претходниот натпревар со транспарентот со кој побара дрес од македонскиот фудбалер, а сега конечно се сретна со Митровски и го доби посакуваниот подарок. 

Митровски му го подари својот потпишан дрес, а младиот навивач исто така доби автограми и од сите останати играчи во тимот. Јан присуствуваше на тренингот на првата екипа и се дружеше со своите миленици, нешто што веројатно целиот живот ќе му остане во пријатно сеќавање.

Навивачот Јан со солзи во очите му се заблагодари на Митровски и докажа дека најмладите секогаш имаат искрена емоција која не може да се замени со ништо на светот.